Connect with us

Алекс Сандро позитивен на коронавирус

Ден по затворањето на јануарскиот трансфер прозорец во кој Јувентус излезе како апсолутен победник поради потписите на Душан Влаховиќ и на Денис Закарија, но и на профитабилните трансфери на Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур во Тотенхем, од клубот дојде и една лоша вест. Алекс Сандро е позитивен на коронавирус.

Соопштението го објави бразилската федерација, со оглед дека левиот бек во моментот е дела од националниот тим за квалификациските натпревари за Катар 2022.

Алекс Сандро нема симптоми, но нема да биде достапен за натпреварот против Парагвај и нема да може да ја напушти земјата додека е во карантин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови