Јувентус ја оствари првата победа во Серија А дури во петтото коло. „Старата дама“ стигна до тежок триумф (2-3) на гости против Специја иако имаше негатива на почетокот од второто полувреме. Тренерот Масимилијано Алегри е задоволен што Јуве конечно победи, но вели дека играта на тимот мора уште многу да се унапредува.
„За среќа, победивме во натпревар кој ни предизвика многу болка. Важна победа, имавме и малку среќа, ни се врати тоа што не напушти пред неколку дена против Милан. Мораме да подобриме некои работи, посебно во изборот на последното додавање. Не беше лесно да се одигра натпревар слободно, со оглед дека имавме голем притисок. Ова е голема победа и им честитам на момците“, изјави тренерот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













