
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се радуваше на победата над Монца (1-2), која дојде со голот на Федерико Гати во судиското продолжение. „Бјанконерите“ примија израмнувачки гол непосредно пред тоа, но, на крајот сепак ги освоија сите три бода и се искачија на првото место на табелата, со еден бод предност пред Интер.
„Важна победа против силен тим. Можевме да поведеме со 2-0, но во вториот дел го препуштивме поседот. Не ризикувавме, но му оставивме голема слобода на Карбони, кој е одличен играч. Реагиравме веднаш по израмнувачкиот гол. Им честитам на момците кои навистина ја посакуваа победата. Сите работеа напорно“, изјави Алегри.
„Немаме право да застанеме. Мораме да работиме од недела во недела за да продолжиме да бидеме што е можно поблиску до врвот на табелата. Ќе продолжи ли Влаховиќ да изведува пенали? Ќе видиме. Ако некој промаши пенал, тоа не значи дека не треба да добие шанса да се поправи. Душан одигра квалитетно и не ја изгуби концентрацијата, што е најважно“, сподели менторот на „старата дама“.
„Минатата сезона не постигнавме ниту гол против Монца. Овие три бода ни се од големо значење. Наполи и Милан би можеле да се вратат во трката за титулата. Преостануваат уште многу натпревари и добрата серија може да ве врати во борба за титулата. Нашата цел е да се пласираме во Лигата на шампионите“, нагласи Алегри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Трабзонспор сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Реал и Винисиус сѐ подалеку од нов договор

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона
