
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, беше воодушевен од успехот од 0-3 на отворањето на сезоната во Серија А против Удинезе. Сепак, стратегот рече дека ова е само една победа на која не треба да и се придава преголемо значење бидејќи не ги решава проблемите на тимот.
„Постојат два елементи каде што треба да се подобриме. Во второто полувреме требаше да ја задржиме топката повеќе, но мора да признаеме дека беше доста жешко. Исто така, треба да ги намалиме грешките во одбраната. Една работа е да правиме такви грешки на 0-3, но во друг натпревар можат многу да ја искомплицираат ситуацијата“, изјави Алегри.
Тој зборуваше и за новата улога на Федерико Киеза, кој беше партнер во нападот со Душан Влаховиќ и го постигна првиот гол на натпреварот.
„За мене Киеза е напаѓач, но би можел да грешам. Тој е премногу изолиран кога игра на крило, а сега има одлично партнерство со Влаховиќ. Мораме најдобро да ги искористиме карактеристиките на нашите играчи. Ова е само една победа, да останеме приземјени бидејќи не ги решава одеднаш сите наши проблеми. Не сакам да навлегувам во дебата. Мора да играме организирано и да го покриваме просторот подобро и да играме висок пресинг“, истакна тренерот на Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
