Connect with us

Алегри: Примивме многу глупав гол

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, беше лут поради начинот на кој неговиот тим прими гол во последните минути на дербито со Наполи 1-0, но генерално ги пофали играчите за нивните перформанси во текот на сезоната.


„Срамота е да се изгуби така. Требаше да бидеме повнимателни со ситуацијата со голот. Сами го загубивме натпреварот. Не одигравме лошо, но примивме глупав гол. Толку е едноставно, погледнете! Се игра 93. минута и треба да има играчи во шеснаесетникот да се бранат. Но, сето тоа е дел од процесот на развој на тимот. Сепак, факт е дека во некои ситуации делувавме премногу бавно“, прокоментира Алегри.

„Наполи е силен тим кој наскоро ќе стане шампион. Тажно е, но нашата цел е да го задржиме местото во Топ 4. Продолжуваме и во Лига Европа и во Копа Италија. Мораме да останеме смирени и да ги прифатиме судиските одлуки како што сме правеле секогаш. Имаше добри и лоши одлуки. Нема смисла да трошиме енергија на нешто што не можеме да го промениме. Судијата заврши одлична работа и му честитам“, изјави тренерот на Јувентус.

„Играчите заслужуваат пофалби, имаат силна сезона. Ние сме во надреална ситуација, но момците тоа го прават на ниво. Оваа сезона ќе ни помогне да стекнеме искуство и следната сезона да се вратиме во борбата за титулата“, потенцира Алегри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови