
Масимилијано Алегри говореше по триумфот на Јувентус со 1-0 против Аталанта во финалето на Купот на Италија. „Старата дама“ по 15. пат во клупската историја го освои трофејот во најмасовното натпреварување на „чизмата“.
„Јувентус победи и ништо друго не е важно. Многу сум среќен за момците, тие го направија клубот, навивачите и мене среќни. Победата никогаш не е лесна, но тоа е во ДНК на Јувентус, па ако не бидам тренер на тимот следната сезона, зад себе ќе оставам силен тим. Клубот наскоро ќе донесе одлука за мојата иднина. Освојувањето на Копа Италија е тимски успех. Не беше лесно. Кога си во голем клуб, нормално е да те критикуваат. Следните три месеци се важни за развојот на момците и за тоа што ќе се случува во Јувентус во иднина“, изјави Алегри.
Медиумите во Италија најавуваат дека Јувентус ќе се раздели со Масимилијано Алегри, а неговото место од следната сезона ќе го добие Тијаго Мота, актуелниот тренер на Болоња.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
