
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, воопшто не беше задоволен од ремито против Верона (2-2). „Старата дама“ не можеше да победи еден од аутсајдерите во Серија А и веќе заостанува девет бода зад лидерот Интер, со натпревар помалку.
„Можевме и да го загубиме натпреварот, иако пропуштивме 3-4 одлични шанси. Не излеговме на терен со истиот став со кој победувавме во првите четири месеци од сезоната. Фудбалот е таков спорт што можеш долго да градиш нешто и многу брзо да го уништиш. Затоа мора да бидеме свесни“, предупреди Алегри.
„Направивме промени во тактиката, но остана чувството дека доцневме да ги запреме контранападите на Верона. Исто така, дозволивме многу технички грешки во додавањата. Неочекуваното реми со Емполи како да ни го намали ентузијазмот. Не треба да мислиме дека веќе сме се пласирале во Лигата на шампионите. Сѐ додека математички тоа не е факт, мора да работиме напорно“, нагласи тренерот на „бјанконерите“.
Алегри ги предупреди фудбалерите дека тимот мора брзо да излезе од кризата.
„Освоивме два бода на последните четири натпревари. Мора да се вратиме во претходната форма, но нема да биде лесно. Се трудиме, не играме лошо, но во оваа фаза тоа не е доволно за победи“, изјави искусниот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рома го промовираше Гасперини (ФОТО)

Интернационалци
Томче Гроздановски се враќа во Словачка?

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
