Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ја коментираше ситуацијата околу дефанзивецот Матијс де Лихт, кој сака да го напушти тимот и да се пресели во Баерн Минхен. Искусниот стратег е сигурен дека во случај на разделба со Холанѓанецот, клубот брзо ќе реагира и ќе ја пронајде неговата замена.
„Вчера имаше средба меѓу нас и претставници на Баерн, но Де Лихт и понатаму е играч на Јувентус. Ги тренирам сите играчи кои се во тимот. Трансферниот прозорец е отворен до 31 август и се може да се случи. Задоволен сум од постапките на клубот, бидејќи се засиливме со двајца многу квалитетни играчи. Доколку Де Лихт замине, ќе го замениме на најдобар можен начин“, изјави Алегри.
Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман, инсистира на привлекување на Де Лихт, а самиот дефанзивец уште од малечок е фан на баварскиот гигант.
Де Лихт веќе ги договорил личните услови со Баерн, но се уште нема договор меѓу двата клуба. Јувентус постави цена од 80 милиони евра за дефанзивецот, а дополнително инсистира во договорот да бидат вклучени и различни бонуси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













