
Италијанскиот калчолигаш Јувентус со убедлива победа (3-0) над Сасуоло ја отвори новата сезона во Серија А. Анхел Ди Марија го постигна првенецот во дресот на „старата дама“, а двоен стрелец беше Душан Влаховиќ.
Тренерот Масимилијано Алегри е задоволен од изданието на тимот и потенцира дека ова е важна победа која не дошла лесно.
„Важно е дека го добивме овој натпревар, навистина ја посакувавме победата и не беше нималку лесно да се оствари. Не сум загрижен за Ди Марија и за Закарија, мислам дека повредите не се сериозни. Ди Марија имаше проблем со адукторот пред една недела. Можеби требаше да го заменам на 3-0, но видов дека уживаше. Со Закарија тоа е само грч, ништо повеќе“, изјави Алегри.
Јувентус во второто коло и гостува на Сампдорија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Интернационалци
Агон Елези утре потпишува за Сараево

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид
