
Масимилијано Алегри би можел да го напушти Јувентус на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите од Апенините. Популарниот стратег трпи жестоки критики за игрите на тимот, а навивачите бараат негово заминување.
Доколку Алегри не успее да ја сврти ситуацијата до крајот на актуелната сезона, ќе добие отказ, а на неговата позиција би можел да долета хрватскиот тренер Игор Тудор, кој одлично си ја врши работата во францускиот клуб Олимпик Марсеј.
Иако беше пречекан со заглушувачки свирежи, на Тудор не му требаше многу време да ги освои страстните фанови на францускиот великан. Во првите седум кола од Лига 1 оствари шест победи и само едно реми, со што го постигна најдобриот првенствен старт во историјата на Марсеј.
Освен Тудор, на радарот на Јувентус се уште неколку тренери и тоа Роберто Де Зерби, Зинедин Зидан и Паоло Монтеро.
Сепак, „Ла Република’ тврди дека Тудор е тренерот на кој цели Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Монако го именуваше Покоњоли за нов тренер

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
