Јувентус на очаен начин ја почна новата сезона во Серија А. Нема победа на четири натпревари од стартот и се наоѓа во зоната за испаѓање.
Тимот на Масимилијано Алегри не победи ниту на синоќешното дерби против Милан (1-1), а тој призна дека направил грешки при замените.
„Направив грешки со замените, требаше да уфрлам фудбалери со подефанзивни задачи и можеби ќе успеевме да го задржиме водството од 1-0. Не сум задоволен, не победивме, а игравме добро само во првото полувреме“, изјави Алегри.
Во следното коло, в среда, Јувентус е гостин на Специја.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













