Connect with us

Алегри: Ги преспавме првите 15 минути и Интер даде гол

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не беше задоволен од поразот од Интер (1-0) во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Со овој пораз заврши учеството на „бјанконерите“ во ова натпреварување.


Тренерот го критикуваше настапот на својот тим, особено во првите 15 минути од натпреварот, кога падна и голот на противникот.

„Чувството беше дека во првото полувреме, а особено во првите 15 минути спиевме. После тоа бевме малку подобри, но не создадовме доволно шанси и немавме многу удар. Мораме да ги наполниме батериите, бидејќи загубивме четири од последните пет натпревари во Серија А и сме надвор од Купот на Италија. Од утре треба да ги засукаме ракавите бидејќи сме во полуфинале во Лига Европа и треба да го одбраниме местото во Топ 4 и да ги оставиме Милан и Рома зад нас“, изјави Алегри.

„Направив промена на полувремето бидејќи Интер отиде подлабоко и нормално беше да се зголеми притисокот во шеснаесетникот. На Милик му требаше време да се опорави, сега аут е и Влаховиќ, па верував дека Киеза добро ќе се снајде во врвот на нападот. Се обидуваше, но му недостасуваше трпение“, истакна тренерот на Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови