Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги повика играчите на Јувентус да се потрудат да ја остават својата лоша форма во последно време и да покажат максимална желба за триумф на претстојниот домашен натпревар на тимот против Аталанта.
Тој го изрази своето разочарување од негативните резултати во последно време – само пет освоени бода во шест натпревари.
„Не сум загрижен, но разочаран сум бидејќи не освоивме многу бодови во февруари. Дури и против Наполи покажавме некои позитивни работи, но на крајот си заминавме дома без ништо. Мораме да го промениме овој тренд. Имаме уште 11 првенствени натпревари, плус два, се надеваме три, за Копа Италија. Продолжуваме да се бориме за да ги оствариме нашите цели и сега целата наша енергија мора да биде насочена кон нив. Мечот со Аталанта нема да биде решавачки, но сепак е важен. Мораме на вистински начин да ги читаме фазите од играта и да се подобруваме кога се браниме бидејќи во последно време примивме премногу голови“, изјави Алегри.
Јувентус вечерва (18 часот) ја пречекува Аталанта во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













