Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, призна дека неговата екипа не направила доволно за да ја победи Рома во саботното дерби во Серија А. Натпреварот во Торино заврши 1-1.
„Останувам со чувството дека фудбалот е создаден од ѓаволот. Од трите досегашни натпревари во сезоната најмногу ризикувавме против Сасуоло, но победивме со 3-0. Во исто време, сега против Рома направивме само една грешка и нѐ казнија“, изјави Алегри.
Неговиот тим поведе со 1-0 во втората минута, но во вториот дел противникот израмни.
„Сезоната е долга. Дефинитивно бевме уморни поради силното прво полувреме. Моравме да ја задржиме топката и да ја додаваме повеќе за да го намалиме темпото. Мора да го научиме ова. Не може да се очекува да доминирате цели 90 минути. Срамота е што гостите постигнаа гол од нивниот единствен корнер, по нафрлување на подалечниот дирек, но тоа е фудбалот“, истакна тренерот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













