Connect with us

Алегри добил ултиматум од Јувентус, треба да „одговори“ на пет меча

Јувентус имаше очаен старт на сезоната, се наоѓа на осмото место на табелата во Серија А, додека Лигата на шампионите ја започна со два порази.


Првиот човек Ањели реши да му даде доверба на Алегри, но тој доби ултиматум што е можно побрзо да ги подобри резултатите на тимот. Поточно, во следните пет натпревари на „старата дама“.

Алегри добил ултиматум да ги победи двата меча против Макаби во следните две кола во Лигата на шампионите и да освои минимум седум бода во следните три кола од Серија А.

Јувентус в недела го очекува средба со Болоња во Серија А, а потоа дерби дуели со Милан и со Торино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови