
Давид Алаба од ова лето е играч на Реал Мадрид. Австрискиот репрезентативец пристигна како слободен агент од Баерн Минхен каде играше 12 сезони и освои се што може да се освои.
Во Реал доаѓа со иста намера, а германските медиуми објавија информација која открива колку сериозно новиот клуб смета на Алаба. Ако фактот дека на Австриецот му беше даден дресот со број „4“, што го носеше Серхио Рамос, не беше доволен сигнал, тогаш парите говорат многу повеќе.
Германски „Шпигел“ објави детали за договорот што Алаба го потпиша со Реал Мадрид. Детали протекоа во јавноста, аоткриваат дека Алаба многу скапо ќе го чини Реал.
Австриецот ќе заработи 115 милиони евра за време на петгодишниот договор со Реал, но тоа не е се. Само за потпишување на договорот, Алаба доби 17,7 милиони евра, неговиот менаџер Пини Захави доби 5,2 милиони евра провизија, а семејството на Алаба доби награда од 6,3 милиони евра. Кога ќе се соберат сите ставки, излегува дека Реал за Алаба ќе плати вкупно 144 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
