Connect with us

Ал-Наср во одбрана на Роналдо: Тој покажа дека е повреден на чувствителното место

Саудискиот клуб Ал-Наср застана во одбрана на Кристијано Роналдо по грозниот гест што Португалецот го направи на дербито со Ал-Хилал. Португалецот се фати за гениталиите додека противничките навивачи почнаа да го скандираат името на Лионел Меси.


Саудиска Арабија веднаш повика напаѓачот да биде депортиран поради неговите постапки. Како што знаете, во земјата законите во овој поглед се доста строги, особено во светиот месец Рамазан.


Ал-Наср, сепак, излезе со поинаква перспектива за ситуацијата. Клубот објави дека Роналдо имал повреда и затоа се фатил во тој предел.

„Роналдо е повреден. На почетокот на натпреварот фудбалерот на Ал-Хилал, Густаво Кујар, го удри во чувствителниот дел од телото. Ова е потврдена информација. Навивачите можат да го толкуваат тоа како што сакаат“, соопштија од клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови