Connect with us

Ал-Наср сака да го купи и Серхио Бускетс

Гигантот од Саудиска Арабија, Ал-Наср, е блиску до договор со португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо. Се верува дека трансферот е сигурен, но Арапите се чини дека немаат намера да се задоволат само со напаѓачот.


„Мундо Депортиво“ тврди дека клубот од Ријад испратил примамлива понуда до капитенот на Барселона, Серхио Бускетс.

Договорот на играчот од средниот ред со каталонскиот клуб истекува на крајот од сезоната и тој сериозно размислува за својата иднина, а се зборува дека би можел да го напушти „Камп Ноу“ веќе во јануари, што го поттикна интересот на Ал-Наср.

Саудискиот клуб сака да го ангажира сега за да се приклучи на ѕвездената екипа на тренерот Руди Гарсија, во која се и голманот Давид Оспина, дефанзивецот Алваро Гонзалес, како и напаѓачите Андерсон Талиска и Винсент Абубакар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови