
Лионел Меси и официјално е нов фудбалер на Пари Сен Жермен. Шесткратниот освојувач на „Златната топка“ стави потпис на двегодишен договор со ПСЖ по шокантниот развој на настаните откако Ла Лига не и дозволи на Барселона поради презадолженост да ја продолжи ерата на Меси на „Камп Ноу“.
„Нестрплив сум да започнам ново поглавје во кариерата во Париз“, изјави Лео Меси откако го парафираше договорот. „Клубот и неговата визија се во совршена хармонија со моите амбиции. Знам колку се талентирани играчите и персоналот овде. Решен сум да изградам, заедно со нив, нешто одлично за клубот и за навивачите. Едвај чекам да стапнам на тревникот на Паркот на принцовите”.
Насер Ал Келаифи верува дека со најдобриот фудбалер во светот, конечно и ПСЖ ќе ја освои титулата во Лигата на шампионите.
„Воодушевен сум што Лионел Меси избра да се приклучи на Пари Сен Жермен и ние сме горди што го пречекавме во Париз, со неговото семејство“, рече Насер Ал-Келаифи, претседателот на Пари Сен Жермен. „Тој не ја криеше желбата да продолжи да се развива на највисоко ниво и да освојува трофеи. Амбицијата на клубот е секако идентична. Додавањето на Лео во нашиот тим од светска класа ја потврдува важноста и успехот на нашето регрутирање. Заедно со нашиот одличен тренер и неговиот персонал, со нетрпение очекувам нашиот тим да испише историја за сите наши поддржувачи ширум светот“, истакна првиот човек на ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
