Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, ги демантираше гласините дека клубот е во преговори со ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, за можен трансфер по завршувањето на оваа сезона. И покрај тоа што египетскиот играч е високо ценет, Ал-Келаифи изјави дека ПСЖ не размислувал за таков потег.
„Ова не е вистина. Тој е фантастичен, неверојатен играч, но искрено, никогаш не сме размислувале да го донесеме. Знаеме дека секој клуб би бил среќен да го има во своите редови, но овој глас за нас едноставно не е точен“, изјави Ал-Халаифи во интервју за германскиот „Скај спортс“.
Што се однесува до можните трансфери во јануари, тој додаде: „Ако има добри можности, ќе ги разгледаме, секако.“
Договорот на Салах истекува на крајот на сезоната, а последната недела играчот изјави за англиските медиуми дека неговата иднина веројатно ќе биде надвор од Ливерпул, што дополнително го поттикна интересот за неговиот статус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













