
Англискиот премиерлигаш Ливерпул може да остане без уште еден играч од средниот ред. По информацијата дека капитенот Џордан Хендерсон ќе си замине по богатата понуда од Саудиска Арабија и ќе му се придружи на Стивен Џерард во Ал-Етифак, сега дојде ред и на Фабињо.
Ал-Итихад е заинтересиран за него откако претходно не успеа да го ангажира Пол Погба. Клубот е подготвен да му даде тригодишен договор со плата од 20 милиони евра по сезона.
Тренер на Ал-Итихад е Нуно Еспирито Санто, а тој инсистира да го доведе бразилскиот интернационалец кој за Ливерпул има одиграно 219 натпревари, со ефект од 11 гола и 10 асистенции.
Ал-Итихад неодамна ги ангажираше Карим Бензема и Н’Голо Канте, кои беа меѓу најголемите ѕвезди на Реал Мадрид и на Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
