
Барселона не ја исклучува опцијата за разделба со Рафиња, пренесува „Мундо Депортиво“. Ова е резултат на сериозниот интерес од Ал-Хилал од Саудиска Арабија кој сака да го доведе Бразилецот.
Рафиња пристигна на „Спотифај Камп Ноу“ пред една година од Лидс за 58 милиони евра.
Сепак, Каталонците досега префрлија само 18 милиони од сумата на англискиот клуб и соодветно треба да дадат уште 40 милиони. Поради оваа причина, доколку Ал-Хилал излезе со понуда поголема од 40 милиони евра, таа многу веројатно дека ќе биде прифатена.
Бразилецот засега нема став дали би се согласил да ја напушти Барселона по само една година помината во клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
