Connect with us

Ал-Хилал понудил фантастични 400 милиони евра за Ламин Јамал, но Барселона глатко ги одбила

Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, понудил неверојатни 400 милиони евра за да го купи Ламин Јамал, но Барселона ја одбила понудата и одлучила да не ја продаде младата суперѕвезда, пренесува шпанскиот портал „Fichajes“.

Со тоа, Барселона ја одбила највисоката понуда во историјата на фудбалот, бидејќи – како што се наведува – клубот го гледа Јамал како симбол на проектот за следната деценија.

Јамал пролетва потпиша договор до 2031 година со фиксна годишна плата од околу 10 милиони евра и бонус од 25 милиони евра при потпишувањето, кој ќе биде исплатен во период од шест години.

Шпанските медиуми додаваат дека понудата на Ал-Хилал дошла во незгоден момент за Барселона, која замина на репрезентативна пауза по два последователни порази – од ПСЖ во Лигата на шампионите и од Севилја во Ла Лига.

Тренерот Ханси Флик наводно ги критикувал фудбалерите поради недостаток на труд на тренинзите и натпреварите, додека неколкумина од нив, меѓу кои и Јамал, изразиле незадоволство од слаба комуникација во тимот.

Јамал моментално се соочува со воспаление на препоните, поради што не настапи на последниот меч во Ла Лига, ниту пак беше дел од составот на шпанската репрезентација за квалификациските натпревари против Грузија и Бугарија.

Неговиот настап во саботното каталонско дерби против Џирона е исто така неизвесен, како и Ел Класико, закажан за 26 октомври.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови