
Аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси вечерва ќе го игра последниот меч за ПСЖ, а потоа треба да одлучи и каде ќе ја продолжи кариерата. Барселона се надева дека и покрај финансиски послабата понуда ќе успее да го врати на „Камп Ноу“, но мисијата ќе биде многу тешка, затоа што саудискиот Ал-Хилал му понуди неверојатни 1,2 милијарди евра за да се пресели во Саудиска Арабија.
Каталонскиот весник „Спорт“, објави дека Ал-Хилал веќе го испланирал и датумот кога ќе биде соопштено доаѓањето на Меси, тоа е 6.јуни.
Саудиска Арабија е во комплетна офанзива за купување на светските фудбалски ѕвезди, а понуди имаат и Карим Бензема, Серхио Рамос, Серхио Бускетс, Лука Модриќ и огромен број други фудбалери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Монако го именуваше Покоњоли за нов тренер

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
