
Клубот од Саудиска Арабија, кој се обидува да го доведе Масимилијано Алегри, ја подигна понудата за тренерот на Јувентус. Станува збор за Ал-Хилал, кој е новиот шампион на земјата и се обиде да го доведе и Лионел Меси.
Менторот на Јувентус пред неколку дена ја доби првата понуда на која не даде конкретен одговор. Но, таа сега е зголемена на годишна плата од 20 милиони евра.
Понудата е за договор на три сезони, што значи дека Алегри би инкасирал 60 милиони евра.
Сепак, не е сигурно дека стратегот ќе каже „да“ и за оваа понуда, бидејќи неговото семејство е во Торино, а тој не сака да замине на Блискиот Исток.
Вчера се појави информација дека Ал-Хилал сака да го доведе и Нејмар, кому му нуди плата од 200 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
