
Саудискиот гигант Ал-Хилал не престанува со обидите да донесе што е можно повеќе ѕвезди во тимот за новата сезона.
Откако Луис Енрике ги прецртам сѐ поизвесни се трансферите на Марко Верати и на Нејмар од ПСЖ, а главен кандидат за нивните потписи е токму Ал-Хилал.
Верати веќе ги договорил личните услови со клубот, додека Нејмар сака засега да остане во Европа и да продолжи да игра на највисоко ниво, но можно е милионскиот танц на парите да го промени тоа.
Ал-Хилал веќе понуди 45 милиони евра за Верати, но ПСЖ бара повеќе. За трансферот на Нејмар, опцијата за позајмица е исклучена, се размислува само за трансфер. ПСЖ бара околу 70 милиони евра, а тоа нема да биде проблем за богатите Саудијци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
