Connect with us

Акција на годината во Премиер – лигата: „Исак беше како Марадона, Златан и Бензема во едно“ (ВИДЕО)

Александер Исак е фудбалерот за кој се говори на Островот. Со една акција ја крена на нозе целата јавност.


Против Евертон влезе во игра во 74. минута и само седум минути подоцна ја изведе акцијата на сезоната во Премиер – лигата.

Акцијата можеби најдобро ја опиша „Maркa“.

„Исак беше Марадона, Златан и Бензема во едно“.

Тој ја прими топката крај аут линијата во противничкото поле, а потоа започна неверојатен танц низ теренот. Попатно нанижа повеќе од половина играчи на Евертон, некои и по двапати.

По грациозниот дриблинг покрај бројните ривали, тој влезе во шеснаесетникот од левата страна покрај гол-линијата и ја испрати топката од мртов агол пред голот за Џејкоб Марфи, кој лесно постигна гол со оваа совршена асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови