Connect with us

Ако не си вакциниран од Ковид-19, нема да играш за Германија!

Фудбалската репрезентација на Германија се соочува со големи проблеми поради Ковид-19. Среќа за селекторот Ханси Флик е фактот дека „панцирите“ се сигурни патници за мундијалот во Катар, но и покрај тоа на проблемот му се приоѓа „германски“ – многу сериозно.


Германските медиуми објавија дека позитивен на коронавирус е дефанзивецот Никлас Зиле, а поради близок контакт со него изминатите денови, во изолација се уште четворица репрезентативци.

Флик е категоричен дека фудбалерите треба да се вакцинираат и се закани дека во иднина нема да повикува невакцинирани фудбалери.

„Да испратиме петмина играчи дома поради коронаворус е нешто што не сакам да ни се повтори. Единствен начин за мене да се справиме со пандемијата е да се вакцинираме. Секој има право да одбие и ќе си сноси одговорност. Ќе процениме во иднина дали невакцинирани фудбалери ќе добиваат повик во репрезентацијата“, изјави Ханси Флик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови