Академија Пандев, Струга Трим Лум и Македонија ЃП се трите полуфиналисти во Купот на Македонија. Во Кратово, ќе има дополнителна пенал-активност за патникот во полуфиналето откако во регуларниот тек мечот меѓу Силекс и Шкендија заврши 0-0.
Академија Пандев го совлада Шкупи со 2-1. Горан Томовски го доведе домашниот тим во водство во 36.минута. Дембо Дарбо успеа да израмни во 64.минута, но победничкиот гол за „пандевци“ го постигна Томислав Илиев пет минути подоцна.
Струга Трим Лум и вторпат за неколку дена го совлада составот на Ренова со 1-0, а стрелец на победничкиот погодок беше Нијас Лена на стартот од вториот дел.
Македонија ЃП беше убедлива против Беласица и славеше со 1-4. Адем беше двоен стрелец за „лавовите“ иако не реализира и пенал, а погодија и Андерсон Барбоса и Калид. Каланоски беше стрелец за составот на Беласица.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski