Македонскиот прволигаш Академија Пандев во новата сезона ќе настапува ребрендиран, под името „Брера Струмица“, откако легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев за 600.000 евра продаде 90 отсто од акциите на „Брера Холдингс“.
„Брера Струмица е за нас стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадро за пазарот на светскиот фудбал. Затоа ние правиме напори за брзо да го вратиме клубот на водечките позиции“, изјави Серџо Скалпели, извршниот директор на „Брера Холдингс“.
Струмичкиот клуб е во потрага по нов тренер со оглед дека по завршувањето на сезоната си замина Александар Васоски. Сигурно ќе бидат доведени и неколку нови засилувања, а амбициите на клубот се да се бори за излез на европска сцена.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski