
Ѓорге Стојчев ќе остане на кормилото на Академија Пандев. Македонскиот прволигаш не ја прифати понудената оставка од шефот на стручниот штаб. Младиот стратег понуди оставка откако тимот загуби дома од Скопје (1-2) и ремизираше на гости (1-1) против Борец.
На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот беше разгледена понудената оставка од шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим, Ѓорге Стојчев. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка не е прифатена. Управниот Одбор, сите вработени, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Ѓорге Стојчев, а убедени сме дека резултатската криза ќе се надмине веќе во наредните натпревари. Решението за назначување на Стојчев за тренер на сенирскиот тим не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот во иднина“, соопштуваат од струмичкиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
