Југослав Тренчовски заминува од клупата на Академија Пандев. Тој прифати да се врати на кормилото по оставката на Александар Таневски, но според првичниот договор тоа требаше да биде до зимската пауза. Сега има доволно долг период Академија Пандев да ангажира нов шеф на стручниот штаб.
„90 дена исполнети со дружење, радости, тагувања. Денови во кои се обидовме да ја вратиме психолошката стабилност. Остваривме неколку подеми, победи. Горд сум на вашиот пласман во полуфиналето од националниот Куп. Но, исто така имавме и многу падови, премногу изгубени бодови на домашен терен, бевме сведоци на многу судиски одлуки кои беа на штета на сите нас. Во едно сум убеден, а тоа е дека од сите овие моменти научивме многу бидејќи го чекоревме најтешкиот пат. Лузните кои ги добивме во овој период во иднина само ќе сведочат за нашата желба, постојаност, верба… Следува период на одмор, носете мудри одлуки, со ладни глави. Засекогаш ќе останете во мојата позитивна страна, од една моја приказна во која ќе ги помнам само прекрасните моменти. Во иднина ќе бидам ваш најверен подржувач, затоа што убеден сум дека ќе успеете во зацртаната цел, затоа што вие сте моите херои !!! Според претходниот договор нашето заедничко патување денес заврши. Време е за некои лични и нови предизвици, нови почетоци …. Ве сакам од срце ❤️?⚽️“, објави Југослав Тренчовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













