
Академија Пандев и Работнички одиграа 1-1 во воведниот натпревар од 13.коло во Првата фудбалска лига. Струмичани поведоа со голот на Кристијан Стојковски во 29.минута, а израмни Николче Шаркоски во 72.минута.
Првата сериозна шанса ја имаше Марио Крстовски во петтата минута кога излезе сам пред Шишковски, но шутираше крај дирекот. На спротивната страна се закани Себастијан Херера од слободен удар.
Академија Пандев поведе во 29.минута. Кристијан Стојковски успеа да погоди по проигрувањето на Михаил Маневски од левата страна.
Работнички тргна по израмнување во второто полувреме. Во 72.минута, по слободниот удар на Херера, голманот Чубраковиќ ја одби топката, а Николче Шаркоски стрелаше во мрежата на домаќинот од непосредна близина.
Во завршницата, и двата тима можеа до триумф. Во 84.минута, Работнички можеше до водство, но Чубраковиќ реагираше одлично по ударот со глава на Илиќ, а потоа и на Давид Тошевски. Три минути подоцна, Марко Рајковиќ имаше одлична шанса, а Дамјан Шишковски фантастично одбрани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
