
Ајакс ќе направи уште еден обид да го врати крилниот напаѓач Хаким Зијеч. Холандскиот гигант се обиде со сличен потег минатото лето, но не успеа да ги договори условите со Челси. Сепак, клубот од Амстердам не се откажаа од Мароканецот и ќе се обиде повторно да го привлече следното лето, пренесуваат медиумите на Островот.
И покрај тоа што настапи исклучително добро за Мароко на Светското првенство во Катар, Зијеч продолжува да се бори за местото на стартер во Челси. Во оваа сезона одигра 19 натпревари на кои забележа само една асистенција.
29-годишниот фудбалер е сè понезадоволен од статусот на резерва во тимот и речиси сигурно ќе се заложи за трансфер во текот на летото, а со особено задоволство би се вратил во Ајакс.
Пред да се пресели во Челси за 40 милиони евра, Зијеч имаше одлична кариера во Ајакс каде помина четири години и забележа 165 настапи, постигнувајќи 49 гола и 81 асистенција. Тој во 2018 година беше прогласен за играч на сезоната во Ередивизие.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“
