Connect with us

Ајакс „изработен“ во Данска: Ќе дојдат ли Тадиќ, Онана, Класен утре пред мечот?

Гром од ведро небо го удри Ајакс откако дури 11 фудбалери покажаа позитивни тестови на коронавирус пред заминувањето на дуелот против Митјиланд од Лигата на шампионите. Цел тим е вратен во Амстердам, заминаа само 17 фудбалери, а меѓу нив тренерот Ерик тен Хан ги нема и двајцата први голмани. 

Сепак, има надеж, Ајакс побара од УЕФА специјална дозвола дел од фудбалерите кои евентуално би имале негативни резултати на второто тестирање да добијат можност утре наутро да допатуваат во Данска и да го одиграат мечот со Митјиланд. 

Тренерот Тен Хаг се надева дека сепак ќе ги има на располагање и Душан Тадиќ, Андре Онана и Дејви Класен кои се носители на играта на младиот тим на Ајакс. 

„Има нешто чудно. Сите овие фудбалери можеа да играат во холандското првенство, но не добија дозвола да влезат во Данска? Не ми е дозволено ниту да кажам за кои играчи се работи. Но, се надевам дека дел од нив можеби и ќе стигнат утре. Митјиланд е добар тим, но ние сме фокусирани на нашата игра“, изјави Ерик Тен Хаг, тренерот на Ајакс.          

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови