Connect with us

Ајакс го посакува Чави за нов тренер од следната сезона

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, на 27 јануари ја информираше јавноста дека на крајот на сезоната ќе го напушти каталонскиот гигант, но оттогаш овој клуб започна серија на добри резултати.


Влезе во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде наскоро ќе има двомеч против Пари Сен Жермен, додека во Ла Лига се уште е на -8 во однос на Реал Мадрид и тешко ќе ја одбрани титулата.

Поради подобрите изданија на Барселона, се појавија одредени шпекулации дека Чави би можел да остане на клупата, но каталонски „Спорт“ синоќа објави дека тој добнил понуда да го преземе славниот Ајакс.

Гигантот од Амстердам има лоша сезона, а ќе мора да побара нов тренер кога ќе заврши првенството, бидејќи заминување најави и Џон ван де Шип.

Ајакс имаше очаен почеток на сезоната, во еден момент беше во зоната за испаѓање, но потоа малку ја подобри формата.

Сега е петтопласиран на табелата во холандската лига, се бори да излезе на меѓународна сцена и најверојатно од есен ќе игра во Конференциската лига или во Лига Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови