Connect with us

Ајакс го купува „спорниот“ напаѓач на Барселона

Данскиот интернационалец Мартин Брајтвајт сфати дека за него е најдобро да ја напушти Барселона, откако тренерот Чави Хернандез одлучи тој да не замине со тимот на турнејата во САД. Тој би можел да се пресели во Ајакс.


Холандскиот гигант е подготвен да плати околу 9 милиони евра за Брајтвајт, а тоа наполно и одговара на Барселона која бара начин како да го намали буџетот за плати.

Тренерот на холандскиот тим Алфред Шројдер им порача на челниците на Ајакс дека Брајтвајт е одлично решение за новниот напад, а запознаен е и со можностите на Данецот бидејќи му беше помошник на Роналд Куман во Барселона.

31-годишниот фудбалер веќе ги договара условите од договорот со Ајакс, а за Барселона не можеше да дојде подобра вест бидејќи сите мислеа дека нема да може да се ослободи од Брајтвајт ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови