Connect with us

Ајакс го купи голманот на Вилјареал

Ајакс го купи голманот на Вилјареал, Херонимо Рули. Сумата на трансферот е 8 милиони евра, а со планираните бонуси може да достигне до 10 милиони. Договорот на чуварот на мрежата е со важност до 2026 година.


Рули беше дел од репрезентацијата на Аргентина која стана светски шампион на првенството во Катар. Сепак, тој не се појави на ниту еден натпревар на „гаучосите“ на патот до трофејот.


Во тековната сезона, Аргентинецот учествуваше на 14 натпревари во Ла Лига, а на седум нов ја сочува мрежата без примен гол.


30-годишниот Аргентинец играше за Естудијантес, Реал Сосиедад и за Монпелје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови