
Легендата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, го коментираше претстојното финале во Лигата на шампионите меѓу неговиот поранешен клуб и Интер. Аргентинецот го пофали нападот на „нероаѕурите“ во кој е и неговиот сонародник Лаутаро Мартинез.
„Интер има одлични напаѓачи. Може да зборуваме за Един Џеко, но мора да зборуваме за Лаутаро Мартинез, кој ги надмина физичките проблеми по Мундијалот и е клучен играч во италијанскиот тим. Ако го додадеме и Ромелу Лукаку, ќе ја видите моќта што ја имаат. Лукаку придонесува со физичка игра, одлично ја чува топката. Освен што е стрелец, тој им создава шанси на соиграчите“, прокоментира Агуеро.
Се очекува во финалето во Истанбул Симоне Инзаги да му даде шанса за стартер на Един Џеко, а Лукаку да влезе како резерва.
„Тој сѐ уште е опасен играч кој може да постигне гол во секое време. Не е изненадување што има добра сезона во Интер. Секогаш ја бара топката. Тој сигурно е еден од оние на кои Сити треба многу да внимава“, изјави Агуеро за квалитетите на Џеко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
