
Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро демантираше дека се враќа на теренот и истакна дека не планира да тренира со Индепендиенте, објавија локалните медиуми.
Тој ја заврши кариерата во декември 2021 година поради проблеми со срцето, а неодамна изјави дека добил порака од својот лекар дека во иднина би можел повторно да игра фудбал.
Одредени светски медиуми објавија дека Агуеро наводно добил покана од тренерот на Индепендиенте Карлос Тевез да тренира со овој клуб.
„Тоа е лага. Нема да тренирам со Индепендиенте. Понекогаш луѓето измислуваат работи, бидејќи мојот кардиолог штотуку се појави… Ми рече дека сум многу добро, дека е важно да сум во добра здравствена состојба, но треба да поминам уште многу прегледи за да се вратам на тренинзите на идеално ниво“, рече Агуеро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
