Македонскиот фудбалски репрезентативец Агон Елези ќе биде ново засилување на Сараево и во наредните денови се очекува да потпише договор со „бордо“ клубот.
24-годишниот играч за врска кариерата ќе ја продолжи во Сараево како слободен агент.
Во изминатата полусезона беше на позајмица во хрватска Горица, но потоа се врати во германскиот клуб Бохум, каде вчера официјално ја раскина соработката. Со тоа беше отстранета и последната пречка за негово доаѓање на „Кошево“.
Елези треба денес да пристигне во главниот град на Босна и Херцеговина, а веќе утре ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор со клубот. Потоа останува само официјалната презентација во дресот на Сараево.
Бохум го купи Елези пред една година од хрватскиот Вараждин, но по само шест месеци тој се врати во Хрватска како позајмен во Горица. По враќањето во Германија, имал разговор со раководството на клубот, по што договориле спогодбено раскинување на договорот, бидејќи веќе било извесно дека Елези ќе се пресели во Сараево.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












