Connect with us

Агон Елези потпиша со Сараево до 2028 – ново поглавје за македонскиот репрезентативец (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Агон Елези од денес и официјално е нов член на ФК Сараево. Играчот од средниот ред потпиша договор со босанскиот клуб кој ќе важи до летото 2028 година.

Елези (24) доаѓа како слободен агент, откако неодамна го раскина договорот со германскиот Бохум. Со тоа, Сараево добива засилување во средниот ред, а Елези добива нова шанса да се етаблира на високо ниво по неколку турбулентни сезони.

Во изминатата полусезона Елези настапуваше како позајмен играч во хрватскиот клуб Горица, додека претходно ги бранеше боите на Вараждин, Скендербег и Велазерими, како и на француски Кан. Фудбалскиот пат го започна во младинската школа на Шкупи.

Покрај клупската кариера, Елези е и активен член на македонската фудбалска репрезентација, каде што со својата борбеност и технички квалитет се наметна како стабилен избор во средниот ред.

Со потписот во Сараево, Елези добива стабилна средина и континуитет, а клубот – искусен играч со интернационално искуство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови