
Сандеј Адетунџи е „мистер дерби“. Успеа да извлече нова победа (2-1) за лидерот Шкупи и тоа на дерби дуелот против Академија Пандев. Гостите поведоа со голот на Бојан Димоски по одличното проигрување на Осман Маронг во деветтата минута, но Адетунџи израмни во 28.минута. Фудбалерите на Академија Пандев се бунеа дека домаќините биле некоректни и не ја исфрлиле топката во аут поради повреден фудбалер, но голот беше признат, а потоа Сашко Пандев доби црвен картон на клупата.
Во 74.минута, Фаустин Сенгор доби втор жолт картон и беше исклучен, но и со играч помалку, Сандеј Адетунџи постигна победнички гол во 77.минута.

Шкендија со 3-1 ја совлада Струга ТЛ. Дашмир Елези го отвори резултатот во десеттата минута, а Синдрит Гури пред крајот на полувремето зголеми на 2-0. Стружани намали преку Томе Китановски во 52.минута, но триумфот го потврди Ферхан Хасани од пенал во судиското продолжение.
Работнички во финишот оствари триумф (0-2) во Битола против Пелистер. Анес Рушевиќ во 82.минута го проби бедемот на битолчани, а Марјан Ристовски стави печат во последните мигови од средбата.
Македонија ЃП славеше против Тиквеш со 1-0, со голот на Ермедин Адем во 75.минута, додека Скопје и Борец ремизираа 1-1. Ѓорѓи Ѓорѓиев од пенал донесе водство за гостите во деветтата минута, а израмни Христијан Кировски во 15. минута од дуелот.
Вчера, Ренова ја совлада Брегалница во Штип со 1-2.
ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-1
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 3-1
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-2
СКОПЈЕ – БОРЕЦ 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 1-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
