Connect with us

Адемола Лукман е најдобриот играч во Африка за 2024 година

Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, е избран за најдобар фудбалер на Африка за 2024 година. Нигерискиот репрезентативец ја доби наградата на церемонија во Маракеш.

Лукман, кој имаше значителен придонес за освојувањето на Лига Европа со хет-трик во финалето против Баер Леверкузен, триумфираше во конкуренција на Ашраф Хакими од Пари Сен Жермен, Симон Адингра од Брајтон, Серху Гираси од Борусија Дортмунд и Ронвен Вилијамс од Мамелоди Сандаунс.

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, не се најде во првите пет, исто како и минатогодишниот победник Виктор Осимен.

27-годишниот Лукман се приклучува на долгиот список на нигериски фудбалери кои ја освоиле оваа награда. Брзоногиот напаѓач постигна три гола на Африканскиот куп на нации, но „супер-орлите“ го освоија среброто. Лукман беше и единствениот Африканец во топ 30 на анкетата за „Златна топка“, освојувајќи го 14-тото место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови