Connect with us

Адеми во осминафиналето од ЛЕ, Елмас и Ристовски „во аут“

Аријан Адеми беше капитен на Динамо Загреб и на вечерашниот дуел со Плзен, на кој хрватскиот тим со извонредна игра славеше со 3-0 и се пласираше во осминафиналето од Лигата на Европа. Адеми и соиграчите одиграа беспрекорно во текот на сите 90 минути, надополнувајќи ја негативата од еден гол од првиот меч во Чешка и заслужено пласирајќи се во следната рунда, со головите на Орсиќ, Дилавер и на Петковиќ.

Стефан Ристовски со Спортинг не успеа да приреди изненадување во Шпанија, неговиот тим остана непоразен против Вилјареал (1-1), но сепак е елиминиран поради минималниот пораз од 0-1 на првиот натпревар во Португалија. Тимот на Ристовски имаше водство со голот на Фернандеш во судиското продолжение од првото полувреме, но потоа во вториот дел остана со играч помалку, што Вилјареал го искористи и со голот на Форналс стигна до осминафиналето.Македонскиот дефанзивец одигра 83 минута, по што беше заменет во финишот, кога Португалците неуспешно се обидуваа да стигнат до втор погодок.

Судбината на Ристовски ја доживеа и Елиф Елмас, кој со Фенербахче загуби со 3-1 на гостувањето против Зенит. Триумфот од 1-0 од првиот меч се покажа недоволен за турскиот гигант откако Азмун со својот втор гол во 67. минута донесе предност од два гола за рускиот состав. Елмас ги одигра сите 90 минути, а во судиското продолжение заработи жолт картон поради старт на средината од теренот.

Резултати Лига Европа:

АРСЕНАЛ – Бате Борисов 3-0, ВАЛЕНСИЈА – Селтик 1-0, АЈНТРАХТ – Шахтјор 4-1, ДИНАМО ЗАГРЕБ – Плзен 3-0, НАПОЛИ – Цирих 2-0, САЛЦБУРГ – Бриж 4-0, ЗЕНИТ – Фенербахче 3-1, ВИЛЈАРЕАЛ – Спортинг Л. 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови