Македонија е светска сензација, успеа да ја победи Германија (1-2) на гости, а тоа претходно не го сторил никој цели 20 години. Ако најдобриот потег на Игор Ангеловски е враќањето на Горан Пандев во националниот тим, веднаш по неговото доаѓање на селекторското столче, најголемиот благодет што можеше да и се случи на Македонија секако е прифаќањето на Аријан Адеми да игра за националниот тим. Со него во средниот ред, нашата репрезентација е подготвена да се надигрува и да ги победува и најголемите.
„Горан Пандев? ха-ха. Ние не игравме ниту фудбал кога тој го постигнал првиот гол за Македонија. Сите зборови за него се излишни. Ова ми е една од најдрагите победи во кариерата. Сум имал големи победи и со Динамо, оваа е една од тие“, изјави Аријан Адеми за хрватскиот портал „24 сата“.
Вели дека никогаш нема да ги заборави лицата на соиграчите во моментот кога заврши мечот.
„Нема да го заборавам неверувањето на лицата на соиграчите кога судијата отсвири крај. Како да се прашувавме, зарем е можно дека ги победивме Германците на нивен терен. И да не одиме со тоа… ‘ги надигравме’ и слично. Имаше Германија свои шанси воопшто не беше лесно како што сега тоа се прикажува. Тоа се топ играчи, фаворити за освојување на секое натпреварување на кое играат, но, сепат ете не се вонземјани“. Тоа е фудбалот, и затоа е најдобрата можна работа на светот. Одиш во Германија, не ти даваат ниту еден промил шанси, а ти се враќаш со три бода. Но, оваа победа ќе значи нешто само ако ја оствариме крајната цел. Бидејќи што вреди да земеш три бода овде ако не ги земеме таму каде што треба да ги освоиме“, истакна големиот борец Аријан Адеми.
Го завршил мечот со 14 белези на ногата од ударите на германските репрезентативци во големата битка.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski