Големиот борец Аријан Адеми играше и повреден за репрезентацијата на Македонија, го предводеше Динамо Загреб до европска пролет, а на приватен план доби принова во семејството. Оваа „малерозна“ за светот 2020 година за него излезе супер – среќна. Стана и рекордер по бројот на настапи за Динамо Загреб на европските натпревари, вкупно 77, надминувајќи го Самир.
„За мене оваа година се покажа навистина успешна. Но, 2021 нека биде уште подобра. Да, со репрезентацијата на Македонија се пласирав на Европското првенство, сега со Динамо Загреб обезбедивме европска пролет. Секако, добив син, тоа е најголемата радост. Тоа требаше и прво да го споменам, но целиот сум фокусиран на фудбалот. Од друга страна, оваа пандемија и земјотресот во Загреб се секако моменти кои не сакам да ги паметам“, изјави капитенот на Динамо Загтреб.
Адеми е најтрофениот играч во историјата на Динамо Загреб. Со „модрите“ досега освои 17 трофеи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski