Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми потпиша нов договор со Динамо Загреб и ќе остане на „Максимир“ до 2025 година. Тој беше на чекор до заминување, имаше понуда од Ал Наср, но во последен момент се премисли и одлучи да остане.
„Зборував дека ќе си одам, но во еден момент сфатив дека тоа не е вистинскиот пат за мене и дека тоа не е она што јас го сакам во животот. Се предомислив. Уште еднаш би сакал да му се извинам на Јурчиќ затоа што од моја страна тоа не беше професионално. Ќе останам во Динамо Загреб до крајот на кариерата ако не дојде некоја понуда од клуб од Топ 5 лигите. Со Динамо играв во Лигата на шампионите и доживеав многу убави работи. Секако дека имам уште цели. Сакам да бидам најтрофеен играч на Динамо, да имам најмногу настапи и повторно да играм со тимот во Лигата на шампионите“, изјави Аријан Адеми за клупскиот сајт на Динамо Загреб.
Аријан Адеми доби и специјално дизајниран дрес од Динамо Загреб како благодарност за продолжување на верноста кон клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













