
Хрватскиот првак Динамо Загреб ја победи Легија во Варшава со 0-1 и се пласира во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите. Аријан Адеми и Стефан Ристовски, заедно со соиграчите, сега ги очекува дуел против молдавскиот Шериф Тираспол, кој ја елиминира Црвена Звезда, за пласман во елитното европско клупско натпреварување.
Бартол Фрањиќ во 20.минута беше стрелец на победничкиот гол за „модрите“ на овој дуел.
Малме со играч поималку постигна два гола, преку Антонио Чолак и оствари триумф (1-2) на „Ајброкс“ елиминирајќи го Глазгов Ренџерс. Шведскиот тим и на првиот меч славеше со 2-1.
Лудогорец на пенали го елиминира Олимпијакос, откако по 120 минути дуелот заврши 2-2, а понатаму одат и Монако, Јанг Бојс, Бенфика и ПСВ Ајндховен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
