Connect with us

Адеми европски рекордер на Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е неприкосновен лидер по бројот на одиграни натпревари за Динамо Загреб во европските купови. Тој по синоќешниот меч против Вилјареал дојде до бројката од 84 европски натпревари во дресот на хрватскиот клуб. Тоа е апсолутен рекорд во историјата на Динамо Загреб.

Голманот Доминик Ливаковиќ оствари рекорден 44. настап на голот на „модрите“, а Мислав Оршиќ го подобри сопствениот рекорд по бројот на постигнати голови во европските мечеви. Синоќешниот гол против Вилјареал беше негов 18. погодок во дресот на Динамо Загреб во европска конкуренција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови